• среда, 16 октомври 2024

Во Куманово од почетокот на годинава досега одземени 56 технички неисправни или нерегистрирани возила

Во Куманово од почетокот на годинава досега одземени 56 технички неисправни или нерегистрирани возила
Куманово, 9 ноември 2022 (МИА) - Од почетокот на годинава, досега, кумановската полиција одзела 56 возила, технички неисправни или нерегистрирани, соопштија денеска од СВР Куманово. Контролите за откривање нерегистрирани или технички неисправни возила се секојдневни, велат од СВР Куманово, апелирајќи за доследно почитување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од страна на возачите. - Согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој стапи на сила на 26 декември 2020 година, а се однесува на одземање на возила кои технички се неисправни или учествуваат во сообраќајот со измината важност на сообраќајна дозвола, повеќе од шест месеци на подрачјето на Куманово, одземени се 56 возила. Одземените возила се складираат во полициското одделение Матејче, изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска. Сопствениците навремено ги намируваат давачките и ги подигаат возилата. Досега, нагласуваат од кумановската полиција, немало случај сопственик да не сака да го отстапи возилото, ниту пак имало случај возилата да не бидат подигнати навремено, по поминување на предвидениот рок. Полициските службеници можат да исклучат возило од сообраќај и привремено да го одземат возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење д 90 дена. Во рок од 72 часа од моментот на одземањето, сообраќајната дозвола или регистарските таблици се доставуваат во местото каде се води евиденција. ам/цр

Остани поврзан