• сабота, 23 ноември 2024

Во Кувајт се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот

Во Кувајт се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот
Кувајт, 4 август 2021 (МИА) - Во Кувајт се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот.
 
Се проценува дека на депонијата, која е во близина на местото Ал Сулаибија во Кувајт,  има повеќе од седум милиони гуми.
Од пожарот се крена густ црн чад, а многумина се загрижени за загадувањето што ќе го предизвика, но и за климатските промени. Во 2013 година, британскиот „Дејли Мејл“ објави извештај во кој се наведува дека секоја година во песочната почва на тој кувајтски град се копаат џиновски дупки и во нив се закопуваат стари гуми. паг/  

Остани поврзан