• недела, 24 ноември 2024

Во Крушево традиционално одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена 

Во Крушево традиционално одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена 

Крушево, 15 октомври 2023 (МИА) - Националната федерација на фармери денеска во Крушево по 16 пат организира одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври.  

Настанот, на кој е најавено присуство на 200 жени од руралните средини од осумте плански региони, е во насока на обединување и подигање на свеста на руралните жени за нивната важна улога во локалните заедници и општеството.

Од Националната федерација на фармери најавија дека на одбележувањето пред присутните ќе се обратат и претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, амбасадорката на Кралството Шведска во РСМ, Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Германија во РСМ, Петра Дрекслер, а видео обраќање ќе има министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Ќе присуствуваат претставници на институции, организации од регионот и рурални жени од цела земја.

Како што е најавено од организаторите, ќе се доделат и признанија на успешни жени и здруженија на граѓани кои работат за подобрување на економската и социјалната состојба на жените во руралните области.

- Оваа година настанот има и регионален карактер, така што организации од Македонија, како и од Албанија, Косово, Србија, Босна и Црна Гора ќе учествуваат на настанот, создавајќи регионална платформа преку потпишување на декларација за заедничко дејство за подобрување на економската и социјалната состојба на руралните жени, соопштија од Националната федерација на фармери.

Настанот е поддржан од Шведската организација за развој We Effect и од Германската развојна соработка спроведена од GIZ. Имено, 15 - ти октомври е прогласен за Меѓународен ден на жената од руралната средина од страна на Обеднитетите нации во 2008 година. цр/

Фото: Национална федерација на фармери 

 

 

 

Остани поврзан