• сабота, 23 ноември 2024

Во Кривичен завршни зборови за „Титаник 2“

Во Кривичен завршни зборови за „Титаник 2“

Скопје, 17 јануари 2023 (МИА) - Во Основниот Кривичен суд - Скопје денеска e спроведен поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Титаник 2“ во кој е првообвинет.

Судењето е во фаза на завршни зборови и почна со прецизирање на обвинителниот акт од обвинителот Гаврил Бубевски. Прецизирањето е по насоките од Апелација, по укинувањето на пресудата.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови. ар/бак/

 

Остани поврзан