• вторник, 12 ноември 2024

Во Крива Паланка со проектот „Цело е кога има сѐ" ќе бидат ангажирани невработени лица

Во Крива Паланка со проектот „Цело е кога има сѐ

Крива Паланка, 6 јуни 2024 (МИА) - Преку програмата за општинско-корисна работа во Крива Паланка се достапни четири работни позиции за невработени лица, активни баратели на работа. Со проектот „Цело е кога има  сѐ“ предвидено е ангажирање три лица во Дневен центар за стари лица со активно стареење и едно лице во детската градинка „Детелинка".

- Јавниот повик е достапен на веб страницата на Општина Крива Паланка, пријавувањето трае заклучно со 12 јуни 2024 година, а можат да аплицираат сите невработени лица, активни баратели на работа од општината кои припаѓаат на следните категории: долгорочно невработени лица, млади лица до 29 години,лица постари од 50 години, корисници на паричен надомест по основ на невработеност, припадници на Ромската етничка заедница, самохрани родители и родители на три и повеќе деца. Ангажманот ќе трае девет месеци, со цел стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Лицата кои немаат сертификат или уверение признаено од релевантните институции за стекнати вештини и компетенции за занимања од социјалната и здравствена сфера согласно услугата што треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата, при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работнон агажирање. Заинтересираните треба да се  пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Крива Паланка, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Деветта година по ред општината го реализира проектот „Цело е кога има сѐ", поддржан и финансиран од УНДП, Министерство за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РСМ и Буџет на Општина Крива Паланка.

Јавниот оглас и сите детали се достапни на следниот линк: https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/37833 ид/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан