• среда, 25 декември 2024

Во Крива Паланка се одржа јавна дебата за алтернативни простори за културa

Во Крива Паланка се одржа јавна дебата за алтернативни простори за културa
Крива Паланка, 14 октомври 2022 (МИА) - Центарот за аудиовизуелни уметности „КААРТС“ Крива Паланка организираше јавна дебата за алтернативни простори за културни настани. Дебатата се одржа во локалната установа Градски музеј Крива Паланка, а панелисти беа Натали Велеска, ахитект и Ѓорги Костовски, историчар на уметност.
-Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање. Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се уредат во нови алтернативни простори за културни содржини, заклучија учесниците на јавната дебата, но и граѓаните што одговорија на онлајн прашалникот, информира Методи Цветковски од Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка.
Како потенцијални простори за алтернативна културна сцена беа посочени: испосницата на „Св.Јоаким Осоговски“ во село Градец, манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, недовршената сала кај мотел „Македонија“, предворјето на градската црква „Св. Димитриј“, коритото на Крива Река, запуштените фабрички хали и други неискористени објекти од затворен и отворен тип.
Јавната дебата беше проследена со изложба на фотографии од алтернативни простори, концепти за преуредување на локациите и концерт на „Игуана бенд“.
Настанот е дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“, што го спроведува НВО Инфоцентар, со поддршка на Европската Унија. ид/мд/

Остани поврзан