• среда, 25 декември 2024

Во Крива Паланка се одржа државното училишно првенство во фудбал за основни училишта во женска конкуренција 

Во Крива Паланка се одржа државното училишно првенство во фудбал за основни училишта во женска конкуренција 

Крива Паланка, 29 мај 2024 (МИА) - На градскиот стадион во Крива Паланка денеска се одржа државното првенство во фудбал- женска конкуренција за основни училишта во организација на Сојузот на училишен спорт Крива Паланка како домаќин.

На ова државно првенство на фудбалскиот терен во Крива Паланка се одиграа натпреварите помеѓу екипите на основните училишта: „Христијан Тодоровски Карпош", Ранковце,„Никола Карев", Кочани, „Гоце Делчев", Прилеп и „Браќа Миладиновци",  Општина Илинден, Скопје.

Присутните ги поздравија претседателот на Федерацијата на училишен спорт Александар Туфекчиевски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, посакувајќи им добра игра и фер дружење.

Градоначалникот Митовски ја истакна поддршката на спортот што локалната самоуправа ја доделува изминатите две години, со директна финансиска поддршка од буџетот на општината, која, рече, планира, во претстојниот период да биде повисока, согласно можностите со кои располага самата општина.

Претседателката на Општинскиот сојуз на училишни спортови Крива Паланка, Билјана Јовановска, рече дека капацитетот за организирање вакви настани од национален карактер сѐ повеќе наидува на позитивни коментари, а ова е прв пат Крива Паланка да биде домаќин на државно првенство во голем фудбал за училиштата од државата.

Со титулата победник, Државен првак во конкуренција на женски фудбал за основни училишта за учебната 2023/24 година ја понесе ООУ  „Никола Карев", Кочани.                                    

Второто место им припадна на фудбалерките од ООУ „Гоце Делчев", Прилеп, а бронзата ја понесе ООУ „Христијан Тодоровски Карпош, Ранковце. ид/ев/                                                                 

 

 

Остани поврзан