• недела, 10 ноември 2024

Во Крива Паланка свечено одбележан Илинден 

Во Крива Паланка свечено одбележан Илинден 

Крива Паланка, 2 август 2024 (МИА) - Делегации од Општина Крива Паланка, од државните и локални институции, политички партии и здруженија, денес положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба пред зградата на општината, во чест на 2 Август, Илинден.

Прес присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, која рече дека Илинден е симбол на македонскиот непокор и стремежот за слободна и демократска држава.

-Сите сме деца на Илинден и славната македонска борба, сите ние имаме света должност да ги чуваме македонската државност и иднината на генерациите што доаѓаат, рече Павловска.

Во чест на 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, беше одржан и драмски перформанс „Заклетва“, во изведба на КУЗ „Фолклористи“, според сценарио и режија на Емил Додевски.

Настанот, придружен со уметнички перформанс, беше дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата“. ид/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан