• вторник, 26 ноември 2024

Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто

Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто

Крива Паланка, 24 април 2024 (МИА) – Излезноста во Крива Паланка до 13 часот изнесува 42,08 отсто од вкупниот број 16518 граѓаните со право на глас за изборите за претседател на државата.

Според претседателот на општинската изборна комисија Ранковце, Орце Тодоровски, информира дека до 13 часот во општината на 13 избирачки места гласале 26.63 отсто од граѓаните, додека во Кратово 33.85 отсто.

Изборниот процес на подрачјето на општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово, засега се одвива непречено и без нарушување на истиот. ид/ир

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан