• петок, 27 декември 2024

Во Крива Паланка започна форумскиот процес за креирање родово-одговорен буџет за 2023

Во Крива Паланка започна форумскиот процес за креирање родово-одговорен буџет за 2023

Крива Паланка, 1 ноември 2022 (МИА) – Општина Крива Паланка започна со серијата форумски сесии за креирање на родово-одговорен општински буџет за 2023 година.

Целта на форумот кој ќе се рализира низ четири сесии, е низ транспарентен начин да се спроведе родово одговорно годишно планирање и буџетирање согласно стратешките развојни приоритети на општината утврдени во Родово одговорната Стратегија за одржлив развој (2022-2027) на општината.

Процесот е поддржан од UN Women и проектот  „Промовирање родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.

-Буџет по мерка на граѓаните, во дослух со вашите сугестии, предлози и приоритети што ќе ги утврдиме заеднички. Како транспарентна, отчетна и договорна општина, и овој пат сме тука да ве слушнеме, да дискутираме, да предлагате и заедно да сублимираме ккао и каде најдобро да ги насочиме општинските средства, рече во обраќањето пред присутните граѓани, претставници на општински претпријатија, невладини организации и здруженија, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Ивона Пауновиќ-Бишевац, Национална програмск координаторка на програмата за родово одговорно буџетирање во Северна Македонија, посочи дека Крива Паланка веќе пет години соработува на ова поле и со општинската администрација имаат одлична соработка.

-Во Крива Паланка сме како дома, овде имаме одлична соработка уште од потпишаниот меморандум во 2017 година, а и одлично соработувам со комисијата за еднакви можности, родовата перспектива да биде проеткаена во сите сектори на оваа општина.  UN Woman во РС Македонија спроведува една сеопфатна програма за родово одговорни политики и буџетирање на централно и локално ниво, со цел да и се пружи техничка поддршка и на Владата и на локалните самоуправи да ги исполнат своите заложби согласно емѓуанродните конвенции кои напата земја ги има потпишано, но и согласно националните стратешки документи, рече Пауновиќ-Бишевац.

На форумот присуствуваа и програмскиот координатор Иван Вчков и Неда Петковска, експерт за родово одговорно буџетирање на UN Woman.

Лидија Митовска од одделението за Локален економски развој на Општина Крива Паланка и претседателка на Комисијата за еднакви можнсоти, посочи дека присутните на форумот ќе  добијат увид во приходите и расходите на општината, а согласно стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година ќе предлагаат како е најдобро средствата да се насочат.

Рече, главен императив е со буџетот на општината за 2023 година да одговорат на потребите и на жените и на мажите, и на децата и на пензионерите, и на младите и старите. ид/сст/

Остани поврзан