• четврток, 26 декември 2024

Во Крива Паланка дружба со чуварите на мирот по повод Денот на полицијата

Во Крива Паланка дружба со чуварите на мирот по повод Денот на полицијата
Крива Паланка, 29 април 2022 (МИА) - На Градскиот стадион во Крива Паланка, утре, со почеток во 12:30 часот ќе се реализира настанот „Полицијата блиску до граѓаните“ во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата -7 Мај, што годинава се реализира низ повеќе градови во државата.
Според информациите од МВР, настанот ќе опфати дружење со полициските службеници и запознавање со полициската професија и опрема од сите единици: показни вежби на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, можност за дечињата да влезат во полициски хеликоптер по прелет на хеликоптерот над градот. Одделот за заштита на определени личности и објекти ќе биде, исто така на дружба со граѓаните, а предвидено е да има и забава за присутните.
На настанот, според најавите, ќе присуствува директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.
Настанот се реализира во соработка со Општина Крива Паланка од каде ги повикаа сите жители на општината да дојдат на блиска средба и дружба со чуварите на мирот. ид/вг/

Остани поврзан