• среда, 25 декември 2024

Во крводарителска акција во Чашка собрани 31 крвна единица

Во крводарителска акција во Чашка собрани 31 крвна единица

Велес, 23 август 2024 (МИА) -Во акција за доброволно дарување крв во Чашка, денеска се собрани 31 крвна единица, со што акцијата е успешно изведена, информира за МИА Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.

Крводарителската акција беше во рамките на програмата на Општина Чашка по повод 21 август - Ден на Општина Чашка и 28 години успешна работа. Акцијата е веќе традиционална секое лето, а се изведува и оваа година во просторија на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка од страна на медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје со која денеска раководеше д-р Кире Тодоров.

Општинската организација на Црвен крст Велес акцијата ја изведе во соработка со својата Основна организација на Црвен крст од Чашка со која раководи Кире Николовски.

Инаку, ова е втора крводарителна акција годинава во Општина Чашка.

Општинскиот Црвен крст ги повикува сите крводарители од Велес и околните населени места во недела и понеделник да се вклучат и да даруваат крв во традиционалната 32- по ред летна масовна акција. Во недела на 25 август акцијата ќе се одржи од 9 до 15 часот во Европската куќа на млади, во центарот на Велес, поранешно Кино „11 Октомврима“ во истото време ќе се одржи и во понеделник на 26 август. ад/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан