• среда, 18 декември 2024

Во крводарителска акција во Гимназијата во Велес собрани 26 крвни единици

Во крводарителска акција во Гимназијата во Велес собрани 26 крвни единици

Велес, 10 декември 2024 (МИА) - Во хуманитарна акција за дарување крв меѓу средношколците од гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес денеска се собрани 26 крвни единици. Меѓу учениците, 15 за првпат даруваа крв.

Денешната акција е спроведена во соработка со медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медцина од Скопје.

- Гимназијалците и останатите велешки средношколци се едни од најхуманите крводарители во Општина Велес и заедно со нив секогаш реализираме успешни акции за крводарување, изјави за МИА, Орце Николов од Општинскиот црвен крст.

Денешната акција е спроведена во соработка со Институтот за трансфузиона медцина од Скопје.

Оваа есен во средните училишта во Велес се одржаа три крводарителски акции и тоа во ССОУ „Коле Неделковски“, ССОУ „ Димитрија Чуповски“ и во гимназијата „Кочо Рацин“. Во сите три акции за првпат како крводарители се јавиле 51 лице. Освен есенската, во велешките средни училишта годинава се одржаа и успешни пролетни крводарителски акции. ад/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан