• недела, 01 септември 2024

Во Кратово се одржува „Опен фан фудбал“

Во Кратово се одржува „Опен фан фудбал“
Кратово, 18 септември 2020, (МИА) – На спортските терени на игралиштето „Мусала“ во Кратово во тек е годинашната отворена забавна фудбалска школа 2020.
  • Активностите се реализираат со запазување на Ковид-19 препораките. Околу педесет дечиња спортуваат, играат и се забавуваат, играат  поделени на шест станици заедно со нивните тренери. Концептот на школата е адаптиран комплетно на состојбата со пандемијата, но главно, дечињата се пресреќни што во безбедни услови можат да се забавуваат и да учат низ игра, исполнувајќи го слободното време, информира координаторот на „Опен фан фудбал“, Кратово, Антонио Насевски.
Следните денови продолжуваат предвидените активности на школата, со вклучување останати  дечиња, на истата локација, стадион „Мусала“, со почеток од 17 часот. ид/зс/

Остани поврзан