• среда, 25 декември 2024

Во Косово продолжува трендот на ниски бројки на починати и заразени од Ковид-19

Во Косово продолжува трендот на ниски бројки на починати и заразени од Ковид-19

Приштина, 30 мај 2021 (МИА) – Во Косово викендов продолжи трендот на опаѓање на бројот на смртни случаи и новозаболени од Ковид-19, поради што од утре стапуваат во сила новите, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијатајави дописникот на МИА од Приштина.

Според извештајот на Националниот институт за јавно здравство на Косово, последните 72 часа е забележан само еден смртен случај на заразен од коронавирусот (2.243 од почетокот на пандемијата), додека во истиот период, од околу 6.500 извршени тестирања, резутирале 69 нови случаи на заболени од Ковид-19.

Од петокот до денеска како излекувани се регистрирани нови 675 излекувани, со што вкупната бројка на лица кои досега ја совадале болеста достигна до речиси 102.785 од 107.405 лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата.

Бројот на активни носители на вирусот, според официјални податоци на косовските здравствени власти, моментно изнесува 2.380.

По видното намалување на бројот на починати и заболени, Владата на Косово во петокот усвои нови, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијата, кои стапуваат во сила утре, а со кои, меѓу другото, се предвидува укинување на полицискиот час и продолжување на работното време на угостителските објекти до 23 часот. иа/

Остани поврзан