• недела, 24 ноември 2024

Во Конгресот постигнат договор за привремено финансирање на американската Влада

Во Конгресот постигнат договор за привремено финансирање на американската Влада

Вашингтон, 29 февруари 2024 (МИА) - Демократските и републиканските лидери во Конгресот на САД постигнаа договор за финансирање на 12 федерални програми во тековната фискална година, што ќе спречи делумно затворање на американската федерална Влада, што ќе се случеше во сабота, пренесува Гласот на Америка.

Договорот, одобрен од лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, треба да биде усвоен како привремен нацрт-закон за финансирање за да се задржи владата нормално да работи до новите рокови - 8 и 22 март, давајќи им на претставниците на Конгресот дополнително време да дебатираат за буџетот за целата година.

„Претставничкиот дом и Сенатот неделава ќе гласаат за привремената мерка“, се наведува во заедничката изјава на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, и лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис.

Републиканскиот конгресмен Кевин Херн изјави дека нацрт-законот за привремено финансирање - четврти во фискалната година што започна на 1 октомври 2023 година – денеска ќе се појави на гласање во Претставничкиот дом.

Доколку не биде усвоен, американската федерална Влада во сабота ќе мора делумно да биде затворена. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан