• четврток, 26 декември 2024

Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани уште 14 пациенти, вкупно се лекуваaт 300

Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани уште 14 пациенти, вкупно се лекуваaт 300
Скопје, 15 јануари 2021 (МИА) - Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 300 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и голем дел од нив се на кислородна поддршка, информираат од Министерство за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.  Додека, пак, во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника шест. Во изминатите 24 часа, исто така, дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во моментов, велат од Министерството за здравство, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.
Според Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 146 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Тие воедно потсетуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. ар/лв/

Остани поврзан