• четврток, 28 ноември 2024

Во Кичево од вторник обука за теренски инструктори, од петок за теренски попишувачи

Во Кичево од вторник обука за теренски инструктори, од петок за теренски попишувачи
Кичево, 21 август 2021 (МИА) - Во Општина Кичево и во продолжениот рок за пријавување лица за теренски попишувачи интересот беше исклучително мал и во последниот ден нивниот број се зголеми на само 40 кадидати, што е далеку од бројката која е неопходна за целосно покривање на теренот и нивниот број треба да изнесува 128 теренски попишувачи. - Нашите надежи се дека во продолжениот рок ќе се пријават  поголем број кандидати за теренски попишувачи, сепак нивниот број се зголеми само за 6 или од 34 лица нивниот број се искачи на 40 кандидати, што ни оддалеку не е задоволителна бројка, ако се има предвид дека ни се неопходни 128 теренски попишувачи. Единствено успеавме со тестирањето што го изведовме пред два дена да обезбедиме 13 теренски инструктори, изјави Јованче Сапунџиоски државен инспектор. И покрај големиот дефицит од теренски попишувачи, вели тој, сепак од следната недела ќе се спроведат обуките и за двете групи кандидати. - Така, од вторник до четврток ќе ја спроведеме обуката за теренските инструктори, додека од петок до недела ќе ја  реализираме обуката на кандидати за теренски попишувачи, со што ќе ги подготвиме сите кандидати за претстојниот попис кој треба да започне на 5 септември, истакна Јованче Сапунџиоски државен инспектор. Сапунџиоски појасни дека се бара начин да се зголеми бројот на попишувачи бидејќи со оваа бројка ни оддалеку не можат да го покријат теренот и да го реализираат пописот. за/цр

Остани поврзан