• петок, 27 декември 2024

Во Кисела Вода се реконструираат улици со вкупна површина од 3 000 метри квдаратни

Во Кисела Вода се реконструираат улици со вкупна површина од 3 000 метри квдаратни

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Реконструктивен зафат на површина од 3 028 квадрати се одвива на неколку краци на улицата „Христо Татарчев". Како што информира Општина Кисела Вода, нов асфалт добиваат краците „2”, „8” и „10”.

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности на овие сообраќајници кои иако се видно оштетени, не биле реконструирани повеќе од 20 години. За околу две седмици тие ќе бидат завршени, по што жителите на овој дел од општина Кисела Вода ќе имаат подобри услови за движење и побезбеден сообраќај.

-И овој зафат е дел од големиот проект од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за асфалтирање на сите улици во општината, со приоритет на оние кои на реконструкција чекале по триесет и повеќе години. Досега, за овие две години се асфалтирани или поплочени со павер елементи повеќе од 45 километру улици, наведува Општината. мч/лв/

фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан