• понеделник, 23 декември 2024

Во Кина потврден прв случај на новиот вид коронавирус

Во Кина потврден прв случај на новиот вид коронавирус
Пекинг, 31 декември 2020 (МИА) - Кина денеска го потврди првиот случај на новиот вид коронавирус откриен во Велика Британија. Центарот за контрола на заразните болести на Кина соопшти дека новиот вид е откриен кај 23-годишна жена која на 14 декември долетала од Велика Британија во Шангај. Кинеските власти предупредуваат дека тоа претставува „голема потенцијална закана“ на напорите на за спречување и контролира на ширењето на вирусот. Се претпоставува дека новиот вид на коронавирусот многу побрзо се пренесува и е присутен во повеќе од 50 земји во светот. Поради новиот вид Кина воведе рестрикцу за патувањата од Велика Британија. ми/

Остани поврзан