• недела, 24 ноември 2024

Во Кина измерен најтоплиот август од 1961 година

Во Кина измерен најтоплиот август од 1961 година
Пекинг, 6 септември 2022 (МИА) - Кина го регистрираше најтоплиот август од почетокот на евидентирање на метеоролошки податоци во 1961 година, јави денеска телевизијата ЦЦТВ. Минатиот месец просечната температура во Кина беше 22,4 степени Целзиусови и го надминува за 1,2 степени Целзиусови претходниот историски рекорд, наведе телевизијата, повикувајќи се на Метеоролошката служба. „Бројот на денови со силна горештина летово беше ненормално висок“, информираше Метеоролошката служба, нагласувајќи оти последиците се чувствуваат и понатаму. Топлотните бранови не се невообичаени лете во Кина, особено на сушниот запад и на југ. Но, како што прецизираат научници, годинава метеоролошките услови се екстремни, зајакнати со климатското затоплување. Август беше и трет најсушен месец досега забележан во Кина, со просечни врнежи помали за 23,1 отсто од вообичаено. бд/сд/

Остани поврзан