• среда, 25 декември 2024

Во Кина зголемување на бројот на заразени со СИДА кај постарите лица

Во Кина зголемување на бројот на заразени со СИДА кај постарите лица
Хонг Конг, 3 декември 2020 (МИА) - Постарите луѓе во Кина станаа најбрзо растечката група заразени со ХИВ во земјата откако бројот на нови случаи на СИДА кај мажи на возраст од 60 години и повеќе се зголеми за петпати во периодот од 2010 година до минатата година, според Светската здравствена организација (СЗО). Во Кина минатата година ХИВ е дијагностициран кај околу 37.000 лица на возраст од 60 години и повеќе, вклучувајќи 77 проценти од мажите, кои сочинуваат 25 проценти од вкупниот број на нови случаи на ХИВ, наведува СЗО. Истражувачот на Универзитетот во Пекинг, Тао Лин рече дека зголемувањето на случаите на СИДА кај постарата популација не добило подеднакво внимание во јавноста во споредба со помладите групи како студентите, пишува „Чајна дејли“. Според него, поради зголемувањето на животниот стандард, повеќе постари лица имаат повеќе пари и слободно време, а некои од нив немаат соодветна свесност за заштита, се додава во написот. Податоците на СЗО покажуваат дека ХИВ минатата година е потврден кај 1,7 милиони луѓе ширум светот, од кои околу 150.000 во Кина.    

Остани поврзан