• среда, 25 декември 2024

Во Киев повторно отворена Амбасадата на Шпанија

Во Киев повторно отворена Амбасадата на Шпанија
Мадрид, 22 април 2022 (МИА) - Шпанија денеска повторно ја отвори својата амбасада во Киев, која ја затвори по почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, објави шпанската влада. „Дипломатска делегација предводена од шпанската амбасадорка во Украина Силвија Кортес денеска повторно ја отвори амбасадата со поддршка на специјалните полициски сили“, се вели во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи.
Амбасадорката и дипломатскиот персонал беа евакуирани на 25 февруари, ден по почетокот на руската инвазија на Украина. Повторното отворање на амбасадата доаѓа еден ден по посетата на шпанскиот премиер Педро Санчез на Киев, каде што се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски и најави доставување на воена помош. Санчез, исто така, најави дека ќе му обезбеди на Меѓународниот кривичен суд (МКС) неколку десетици експерти од шпанското Министерство за правда „за да придонесат во истрагата за наводните воени злосторства извршени во Украина“. Повторно отворање на амбасадата денеска најави и британскиот премиер Борис Џонсон кој рече дека британската амбасада во Киев ќе биде отворена следната недела. ссм/

Остани поврзан