• вторник, 24 декември 2024

Во Карбинци ќе се реализираат неколку инфраструктурни проекти

Во Карбинци ќе се реализираат неколку инфраструктурни проекти

Карбинци, 3 јули 2024 (МИА) - Нов детски забавен парк доби село Радање, во Општина Карбинци со површина од 520 метри квардатни и во вредност од два милиони и 400 илјади денари. Градоначалникот на Општина Карбиници, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека овој забавен парк е наменет на дечињата од населеното место, за  да можат да се рекреираат. Во период што следи, забавниот детски парк и хортикултурно ќе се уреди.

- Денес се наоѓаме во село Радање, во изманитиот период интензивно се работеше на активности токму на ова место за изградба на детско игралиште. Се работи за еден детски забавен парк со површина од 520 метри квадрати, Општина Карбинци преку Бирото за регионален развој го реалзизираше овој проект со вкупна вредност со два милиони и 400 илјади денари, рече  Паунов.

Тој најави дека во наредниот период Општина Карбинци ќе продолжи да работи на редовната програма, во која опфаќа изградба на  улици, реконструкција на три улици во село Радање, две улици во село Козјак и реконструкција на улици во подплачковичкото село Кучица.

-Општина Карбинци во наредниот период кој следи интензивно ќе продолжи со реализација на проектите кој што се во прогрмата за ова година. Но директно ќе се работат и инвестициите со новата влада кои ќе следат наскоро, а тоа е започнување на доградбата на детската градинка „Кокичиња“ во село Таринци со проширување на капацитетите од 50 дечиња, конечно постапката која беше заглавена и прокетот кој што беше најавен по онаа мерка од 135 евра по глава на жител. Општина Карбинци до крајот на годината ќе ги добие средствата, вели Паунов.

Проширувањето на капацитетот на детската градинка во село Таринци е во износ од околу 16 милиони денари. вдј/цр

Фото: МИА 
 

Остани поврзан