• недела, 01 септември 2024

Во Карбинци ќе се градат три спортски терени

Во Карбинци ќе се градат три спортски терени

Карбинци, 30 мај 2022 (МИА) - На три локации на територијата на Општина Карбинци ќе се градат нови спортски игралишта. Првиот спортски терен на кој почна да се работи денеска се наоѓа во село Крупиште и е во рамки на подрачното училиште „Страшо Пинџур“.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор  Паунов истакна дека со ова се продолжува градежната офанзива, која започна оваа пролет.

- Овде, во Крупиште, жителите за првпат ќе добијат едно спортско игралиште каде што ќе може да се рекреира не само во склоп на училишните активности, туку и надвор од тоа и во вечерните часови, вели Паунов.

Освен во Крупиште, спортско игралиште ќе има и во село Карбинци, веднаш до постоечкиот зелен стадион, а асфалтна површина ќе добие село Кучица, а како што рече Паунов, бидејќи станува збор за планински предел, асфалтната површина ќе служи за рекреација, но и за одвивање на некои традиционални свечености и обичаи на тамошните жители.

Првиот мал спортски терен во рамки  на училишниот двор во село Крупиште е инвестиција вредна 3.000.000 денари, средства коишто се обезбедени од буџетот на Општина Карбинци. вдј/фф/

Остани поврзан