• среда, 28 август 2024

Во Карбинци се асфалтираат четири улици

Во Карбинци се асфалтираат четири улици

Карбинци, 10 февруари 2024 (МИА) - Во Карбинци денеска се асфалтираа четири улици. Градоначалникот на Општината Карбинци, Виктор Паунов кој денеска изврши увид во градежните активности истакна дека со асфалтирање заврши реконструкцијата на улиците, а  со што и жителите од ова населено место нема да газат кал и прашина. 

-Се работи за четири улици овде во Карбинци, денес за првпат добиваат асфалтна маса. Она што е важно е дека жителите нема да газат кал, и ќе се движат по урбанизирана улица. Општина Карбинци ќе продолжи да инвестира пред се во патната инфраструктура, вели Паунов.

Жителите се задоволни од она што се работи на терен. Тие потенцираат дека ова е особено значајно за децата кои одат на училиште.

Освен овие четири улици во Карбинци од понеделник ќе започне реконструкцијата на улици во селата Таринци и Нов Караорман, дел од проектот за реконструкција на шест улици чија јавна набавка чинеше два милиони денари.

-Овие шест улици кои се во оваа јавна набавка изнесуваат некаде околу два милиони денари, пари од општината. Од понеделник продолжуваме и во село Таринци и во Караорман, рече Паунов.

Во меѓувреме Паунов истакна дека продолжуваат акотивностите на терен во сите населени места во Општина Карбинци со што жителите добиваат подобри услови за живот. вдј/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан