• среда, 27 ноември 2024

Во Канада запалени уште две католички цркви, вкупно шест за една недела

Во Канада запалени уште две католички цркви, вкупно шест за една недела
Отава, 1 јули 2021 (МИА) - Во Канада, по откривањето на 182 необележани гробници под училиште, трето по ред, запалени се две католички цркви. Пожарникарите вчера околу 3 часот по полноќ добиле пријава дека целосно изгорела црквата „Св. Јован Крстител“, стара околу 100 години, во Моринвил, северно од градот Едмонтон, во покраината Алберта. „Пожарот почна од подрумот и веќе се разгоре кога пристигна првата противпожарна екипа на местото на настанот. Влегоа во зградата, но од другата страна на црквата веќе дојде до колапс, па се повлекоа", изјави Лајн Бушел, инфраструктурен менаџер во Моринвил, за Си Ти Ви Њуз. Полицијата смета дека пожарот е сомнителен. Еден час и 20 минути подоцна пристигна уште една дојава за пожар во црква, овојпат во провинцијата Нова Шкотска, регион населен со домородно население. За помалку од две недели изгореа седум цркви во Канада. Сите, освен една, се католички. На многу цркви во Канада се појавија графити и црвени ознаки од раце и нозе. На вратата на една црква во Саскачеван имаше натпис „бевме деца“. паг/    

Остани поврзан