• среда, 25 декември 2024

Во Калифорнија родени близнаци кои ќе слават различни родендени

Во Калифорнија родени близнаци кои ќе слават различни родендени
Салинас, 3 јануари 2022 (МИА) – Персоналот на болницата во калифорнискиот град Салинас и брачната двојка Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо ќе ја паметат новогодишната ноќ по необичен настан – близнаци родени во две години, петнаесет минути пред полноќ на 31 декември и на полноќ на 1 јануари 2022 година. Фатима и Роберт прво го добија својот син Алфред Антонио во 23:45 на последниот ден од 2021 година, а неговата сестра близначка Ајлин Јоланда Трухило се роди на полноќ на 1 јануари, јавија локалните медиуми. Болницата на Твитер објави дека веројатноста за тоа да се случи е еден на два милиони. - Лудо ми е што се близнаци и имаат различни родендени, изјави мајката Фатима Мадригал, признавајќи дека и самата била „изненадена и среќна“. Матичната лекарка во болницата, докторката Ана Абрил Ариас, изјавила дека ова породување е „едно од највпечатливите“ во нејзината кариера. - Беше апсолутно задоволство да им се помогне на овие малечки безбедно да пристигнат во 2021 и 2022 година. Каков неверојатен начин да се започне Новата година, рече Ариас. Двете бебиња наскоро ќе одат дома кај своите три постари сестри и брат-две девојчиња и едно момче. јт/

Остани поврзан