• среда, 25 декември 2024

Во Калифорнија повторно бура и опасност од поплави, се евакуира населението во неколку населени места

Во Калифорнија повторно бура и опасност од поплави, се евакуира населението во неколку населени места

Вашингтон, 5 февруари 2024 (МИА) - Калифорнија повторно се соочува со бури проследени со обилен дожд и опасност од поплави, лизгање на земјиштето и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Циклонот пристигна вчера и тоа во време кога десетици познати личности дојдоа во градот да учествуваат на доделувањето на музичките награди „Греми“.

Националната метеоролошка служба објави предупредување за ураган за градот Биг-сур и околината. Во окрузите Санта Барбара и Лос Анџелес биле објавени наредби за евакуација на многу жители поради ризик од поплави. Евакуација е во сила во некои реони на Сан Хозе и округот Вентура.

На разни локации во Калифорнија службата регистрира силни ветришта со максимални брзина до 113 километри на час. Оттаму посочија дека лошото време ќе трае цел понеделник, „со висок ризик од силни врнежи“ што можат да предизвикаат поплави и свлечишта.

Според Националната метеоролошка служба во јужното и централното крајбрежје на Калифорнија се очекуваат обилни врнежи со висина од седум до 15 кубни сантиметри, додека на планинските места ќе има двојно повеќе дожд.

Во повисоките месности на планините во северот на Калифорнија и во Сера Невада дождот се претвора во обилен снег. кб/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан