• среда, 18 декември 2024

Во Казахстан од птичји грип угинале 700 лебеди 

Во Казахстан од птичји грип угинале 700 лебеди 

Астана, 9 јануари 2024 (МИА) – Околу 700 угинати лебеди се откриени во природен резерват во Казахстан, каде има и ретки и загрозени видови, соопштија денеска локалните власти. 

- Од 21 декември до 8 јануари, вкупно 675 мртви лебеди беа откриени на езерото Каракол, природен резерват во близина на Каспиското Море во западен Казахстан, соопшти Министерството за животна средина. 

Лебедите угинале од птичји грип и испратени се експерти да се обидат да помогнат, а секој ден се пронаоѓаат десетици мртви птици. 

Во минатото, еколошките активисти постојано изразуваа загриженост за еколошките проблеми во таа област во западен Казахстан, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот и водата, како и опустинувањето. јт/

Остани поврзан