• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кавадарци хуманитарна ораторска вечер

Во Кавадарци хуманитарна ораторска вечер

Кавадарци, 2 април 2025 (МИА) - Хуманитарна ораторска вечер се организира попладнево во два термина од 18  и 20 часот во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци, во организација на ученичкиот парламент при средното општинско училиште, гимназија ,,Добри Даскалов”. 

- Настанот е со цел собирање финансиски средства за лекување на Бела Кузева и Теодора Колева. Нашето мото е, ,,Спаси живот – подари надеж", информираа организаторите на ораторската вечер. 

Притоа порачаа дека, кога помагаме, стануваме едно, повикувајќи ги сите хумани луѓе да присуствуваат на настанот и со купување на влезница да ја изразат својата хуманост. свд/

Фото: плакат за настанот 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан