• среда, 04 декември 2024

Во Кавадарци со турнир во шах одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост 

Во Кавадарци со турнир во шах одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост 

Кавадарци, 2 декември 2024 (МИА) - Со турнир во шах, вечерва во Кавадарци беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, трети декември. Настанот беше во организација на градската библиотека ,,Феткин", во соработка со Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди од овој град. 

Директорот на библиотеката во чии простории се одигра турнирот, Петар Гурев истакна дека се секогаш отворени за соработка со сите, за промоција на вредностите во животот и давање можности за презентирање на сечиј потенцијал. 

Турнирот е традиционален и инклузивен, учествуваат членови на Сојузот и нивни пријатели. 

- Најдобрите ќе бидат наградени, а за прво место на турнирот, наградата е табла шах. Целта е покренување на свеста за тоа дека сите сме еднакви и дека треба да се почитуваат различностите, да имаме инклузивно општество со исти можности за сите, подвлече Николчо Делов, претседател на ССРИ. свд/сст/


Фото : МИА 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан