• среда, 25 декември 2024

Во Кавадарци состанок со невладини организации околу повик за финансирање проекти од Општината 

Во Кавадарци состанок со невладини организации околу повик за финансирање проекти од Општината 
Кавадарци, 29 март 2023 (МИА) - Во Кавадарци денеска се одржа состанок со претставници на невладини организации, околу повикот за финансирање проекти од Општината. Координаторот на невладините организации, Ненад Јовановиќ сподели информации околу условите за учество на јавниот повик. Проектите ќе се финансираат со финансиски средства од по педесет до триста илјади денари, со кофинансирање од невладините организации со 10 отсто од тие средства. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев информираше дека вкупниот буџет за поддршка на активностите на невладините организации по овој повик  изнесува околу два милиони денари, а вкупниот буџет за оваа година е околу пет милиони денари. 
 
Секретарот на локалната самоуправа, Тодор Ефремов рече дека Општината има исклучително добра соработка со невладиниот сектор. 
 
- Тоа е доказ дека работиме најтранспарентно и отчетно. Подеднакво ги поддржуваме сите и кај нас нема исполитизирани граѓански организации, нагласи Ефремов. 
 
Општина Кавадарци објави јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области, родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните, од програмaта G1, поддршка на ЛЕР,  од буџетот на општината Кавадарци, за  2023 година.
 
- Проектите мора да бидат иновативни, реално остварливи, со индикатори за успех и потврдени резултати, што во иднина ќе гарантираат одржливост, пишува, меѓу другото, во јавниот повик.
 
На состанокот беше кажано дека во општината се регистрирани околу две илјади, а активни се околу  40 невладини организации. свд/дма/
 
Фото: МИА

Остани поврзан