• четврток, 26 декември 2024

Во Кавадарци се санира старото речно корито на Луда Мара

Во Кавадарци се санира старото речно корито на Луда Мара

Кавадарци, 6 октомври 2023 (МИА) - Се санира старото речно корито на Луда Мара во Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- Се реконструираат делови од постоечкото корито на реката Луда Мара, на потег од мостот „Слога“ до мостот „Страшо Пинџур“, се врши санација на дното и на дел од sидовите каде што реката го поткопала дното. Инвестицијата е на Општина Кавадарци од програмата за комунална изградба за 2023 година, а изведувач е фирмата „Евро градба инженеринг“, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму информираа исто така дека секторот за улично осветлување во соработка со ЈП „Паркинг“,  постави ново улично осветлување на улицата „Домовица“, монтираше столбови и светилки, откако таа беше целосно асфалтирана. свд/бд/

Фото: Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев

Остани поврзан