• понеделник, 18 ноември 2024

Во Кавадарци се реализира еко проект „Природата поблиску до граѓаните“

Во Кавадарци се реализира еко проект „Природата поблиску до граѓаните“

Кавадарци, 6 октомври 2023 (МИА) – Во Кавадарци се реализира еко проект „Природата поблиску до граѓаните“, финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ, информираа денеска од регионалниот еколошки центар „Еко – живот“.

- Со спроведување на проектот „Природата поблиску до граѓаните – заштита на природата, мониторинг и заштита на биодиверзитетот на подрачје на Кожуф планина, Козјак, висорамнина Витачево, Тиквешко Езеро и Дреновска Клисура“ ќе се постигне дефиниран биодиверзитет – идентификувани видови растенија и животни, видови во истребување, ретки видови, утврдени приоритети на делување за заштита на природата во овој регион, појасни Александра Бојкова Паризова, проектен координатор.

Таа нагласи дека со документирање на постоечката флора и фауна ќе се подигне свеста на граѓаните за заштита на природата и доближување на природата до нив.

- Спроведена е обука на промотори за заштита на загрозените и ендемични видови на растенија и животни, како и интерактивна работилница за заштита на природата и биодиверзитетот во склоп на еко – едукативниот центар, во склоп на проектот се и едукативни табли пред еко – едукативниот центар, додаде Бојкова Паризова. свд/ир

Фото: „Еко – живот“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан