Во Кавадарци се одржа тркалезна маса за надминување на проблемите на лицата со попреченост
- Да се алармира за долгогодишниот проблем околу медицинската грижа кон лицата со попреченост, нивниот прифат и третман пред се во приватните установи и во здравствените установи, во примарното, секундарното и терцијалното здравство, беше целта на денешната тркалезна маса што се реализираше во Кавадарци.
Кавадарци, 17 декември 2024 (МИА) - Да се алармира за долгогодишниот проблем околу медицинската грижа кон лицата со попреченост, нивниот прифат и третман пред се во приватните установи и во здравствените установи, во примарното, секундарното и терцијалното здравство, беше целта на денешната тркалезна маса што се реализираше во Кавадарци.
Настанот беше во рамките на проектот ,,Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата", на Цивика мобилитас, финансиран од Владата на Швајцарија, а го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.
Активностите се реализираат заедно со партнерите, ,,Порака" Неготино, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес и Здружението за заштита и унапредување на животната средина ,,Еко-живот" од Кавадарци.
На средбата беше кажано дека станува збор за тркалезна маса на која се соочуваат проблемите и предизвиците на лицата со попречености и нивните семејства, старатели. Тука беа и организации што работат со нив, како и медицински лица.
- Во изминатиот период вршевме истражување кај здравствените субјекти за давањето здравствени услуги на лицата со попреченост и добивме резултати дека околу 80 отсто од примарното здравство не е соодветно пристапно за лицата со попречености и сличен е процентот за дентални ординации. Имавме позитивен резултат за соработката со Општа болница Кавадарци која има свој претставник на конференцијата и се надеваме дека во наредниот период во Кавадарци ќе ги елиминираме овие проблеми, рече Александра Бојкова Паризова, локален координатор на проектот. свд/
Фото: МИА