• четврток, 26 декември 2024

Во Кавадарци се гради регионален стационар за бездомни кучиња 

Во Кавадарци се гради регионален стационар за бездомни кучиња 

Кавадарци, 22 август 2023 (МИА) - Во Кавадарци се гради регионален стационар за бездомни кучиња. Градоначалникот Митко Јанчев на неговата Фејсбук страница објави дека заедно со градоначалникот на Општина Велес Марко Колев и директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Сашо Мошев извршиле увид во изградбата на регионалниот стационар за бездомни кучиња.

 - Таму интензивно се работи и стационарот се очекува да биде ставен во функција во месец октомври, соопшти Јанчев. 

Тој потсети дека регионалениот центар за згрижување на бездомни миленици е со локација во населба Глишиќ, на површина од 5.470 квадратни метри. 

- Овој центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион се однесува на хуман третман на животните со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето, нагласи Јанчев. свд/мд/

Фото : Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан