• сабота, 23 ноември 2024

Во Кавадарци реконструкција и доградба на постоечка надземна мрежа за улично осветлување

Во Кавадарци реконструкција и доградба на постоечка надземна мрежа за улично осветлување

Кавадарци, 15 октомври 2024 (МИА) - Реконструкција и доградба на постоечка надземна мрежа за улично осветлување се врши во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- Во склоп на овој проект одделението за улично осветлување при општина Кавадарци, работи на ново улично осветлување на ул. Шишка, во село Марена и на регионалниот пат од Југо Комерц, каде ќе се поставуваат нови енергетско ефикасни светилки со подобра илуминација. Во наредниот период ќе се продолжи и на повеќе од 20 локации во општината, и тоа 562 броја светилки, метални столбови со висина од 5 ,6, 8, 10 и 12 метри вкупно 494 броја, во должина од 13.255 метри, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму појаснија дека вкупната вредност на договорот е 65.000.000 денари, изведувач на работите е фирмата Елмонд Електро Скопје. свд/сст/

фото Општина Кавадарци

Остани поврзан