• четврток, 26 декември 2024

Во Кавадарци проект за намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку реупотреба и социјална вклученост 

Во Кавадарци проект за намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку реупотреба и социјална вклученост 
Кавадарци, 8 март 2022 (МИА) - Започна да се спроведува проектот „Намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку негова реупотреба и зголемување на социјалната вклученост во општина Кавадарци“, чиј имплементатор е Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко-живот”, во соработка со средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Пeтров”, кавадаречката локална самоуправа и јавното претпријатие „Комуналец". -Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ),  „Еко-живот",  училиштето „Ѓорче Пeтров” и општината Кавадарци. Проектот е со вкупен буџет од 35.910 американски долари. Од нив,  29.910 американски долари се  од страна на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), а остатокот е обезбеден со учество од  „Еко-Живот“, училиштето и Општината, појасни за МИА, Роберто Паризов, претседател на Здружението и координатор на проектот. Тој нагласи дека генерална цел на проектот е намалување на отпадот од мебел и текстил на депониите и јавните површини и негативното влијание на овој отпад по животната средина во општината. -Со проектот е опфатена набавка на  опрема и ќе се обучат лица да поправаат и креираат мебел. Една од конкретните цели е воспоставен центар за реупотреба, за собирање, селекција и преработка за реупотреба на мебел и реупотреба на текстил. Конкретна цел, исто така, е зголемување на свеста на граѓаните, локалните институции и бизнис заедницата  за позитивните ефекти на циркуларната економија, со акцент на реупотребата, по животната средина и животниот стандард на граѓаните, особено ранливите групи на граѓани во општина Кавадарци. На крај, тука е секако и зајакнувањето на капацитетите на организацијата за продолжување со активностите за собирање, селекција и реупотреба на мебел и текстил, како и достава на преработени работи до семејства од социјален ризик, додаде Паризов.свд/вј/  

Остани поврзан