• среда, 16 октомври 2024

Во Кавадарци почна реконструкција на депо во градската библиотека 

Во Кавадарци почна реконструкција на депо во градската библиотека 

Кавадарци, 15 октомври 2024 (МИА) - Започна реконструкција на подот во депото-оддел за возрасни читатели во градската библиотека ,,Феткин" во Кавадарци. 

Како што информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, проектот е со вредност од 173.991,00 денари, средства одобрени од буџетот на Општина Кавадарци. 

- Изведувач на градежните работи е фирмата Патио монт од Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму нагласија дека локалната самоуправа интензивно работи на многубројни проекти во градот и населените места во кавадаречка општина. свд/дма/


Фото : МИА 

Остани поврзан