• среда, 18 декември 2024

Во Кавадарци одиграна монодрамата ,,Срам"

Во Кавадарци одиграна монодрамата ,,Срам

Кавадарци, 15 октомври 2024 (МИА) - ,,Срам" е насловена монодрамата што вечерва беше одиграна во Домот на културата ,,Иван Мазов Климе" во Кавадарци, во рамките на настанот ,,Шепот во огледало", реализиран од Организација на жени на Општина Свети Николе". 

- Монодрамата „Срам“ е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе, рече меѓу другото, авторката и изведувачка, Ангела Стојановска. 

Присутните девојки и жени можеа да споделат свои впечатоци, свои искуства, позитивни и негативни доживувањa, да разговараат за ситуации кога се почувствувале засрамени, омаловажени, дискриминирани.

Беше кажано дека перформансот е развиван како авторски проект во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско(@tiiiit.inc) - испробување феминистички иднини. 

Настанот „Шепоти во огледало“ е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ во реализација на ОЖОСВН и финансиски поддржан од Шведска и The Kvinna Till Kvinna foundation. свд/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан