Во Кавадарци одбележан Меѓународниот ден на руралната жена
- Со саем на локални производи, именуван „Вкусот на традицијата“, во Кавадарци попладнево беше одбележан утрешниот меѓународен ден на руралната жена. Настанот го организираше Комисијата за еднакви можности при Општината.
Кавадарци, 14 октомври 2025 (МИА) - Со саем на локални производи, именуван „Вкусот на традицијата“, во Кавадарци попладнево беше одбележан утрешниот меѓународен ден на руралната жена. Настанот го организираше Комисијата за еднакви можности при Општината.
- Ден исполнет со љубов, труд и гордост. Го почувствувавме вкусот на Тиквешијата во секој залак, секој вез и секоја насмевка. Со гордост го одбележавме меѓународниот ден на руралната жена, славејќи ги жените што со своите раце, срце и душа го чуваат нашето наследство. Денес не зборуваме само за традицијата – денес зборуваме за жените кои секое утро го започнуваат со работа, со љубов кон земјата, кон семејството, кон животот. Градскиот пазар во Кавадарци беше место каде што традицијата оживеа, со домашни производи, мирис на мед и вино, звуци на смеа и пријателство, подвлече Марија Камчева, координатор за еднакви можности при Општината.

Таа им се заблагодари на сите учеснички, изложувачи и гости, кои ја споделија својата љубов кон традицијата. сд/аа/
Фото : Фејсбук страница на Комисија за еднакви можности Кавадарци