• недела, 01 септември 2024

Во Кавадарци одбележан Интернационалниот ден на мирот

Во Кавадарци одбележан Интернационалниот ден на мирот

Кавадарци, 21 септември 2023 (МИА) - „Љубов а не војна" е само една од пораките што попладнево беа испишани на градскиот плоштад во Кавадарци, во рамките на одбележувањето на Интернационалниот ден на мирот. 

- Младите од Кавадарци заедно со претставници на Советот за превентива против малолетничка деликвенција СППМД и Младинскиот центар Кавадарци, организираа цртање на позитивни пораки. Целта е да му се покаже на светот дека треба да се стави крај на табуата, предрасудите, гневот, омразата и дискримунацијата и да им се отстапи место на толеранцијата и  почитувањето на различностите, рече Ѓорѓи Нанчев од СППМД и еден од раководителите на Младинскиот центар. 

На настанот беше нагласено дека младите се иднината и ако позитивните промени почнат од нив, можеме да се надеваме на светла иднина. свд/хс/

Фото: СППМД

Остани поврзан