Во Кавадарци одбележана неделата на хигиенизација
- Неделата на хигиенизација се одбележува во Кавадарци со едукативни работилници на кои ученици се запознаваат со оваа тематика, со цел подигнување на јавната свест и подобро здравје, информираа попладнево од Општинската организација на Црвениот крст во Кавадарци.

Кавадарци, 10 април 2025 (МИА) - Неделата на хигиенизација се одбележува во Кавадарци со едукативни работилници на кои ученици се запознаваат со оваа тематика, со цел подигнување на јавната свест и подобро здравје, информираа попладнево од Општинската организација на Црвениот крст во Кавадарци.
- По повод недела на хигиенизација, под мотото, ,,Хигиената - лична обврска за колективно здравје'', Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска Организација Кавадарци, спроведе едукативни работилници за ученици. На овие предавања учениците беа запознати со тоа што е хигиената, зошто се практикува, кои се аспектите на хигиена што го спречуваат ширењето на бактериски, вирусни инфекции, сезонски грип и настинка, појаснија од Црвениот крст.
Исто така, оттаму споделија дека на учениците им било кажано што е лична хигиена, зошто миењето раце, одржување на домашна хигиена и хигиена на храна, е доста важно.
-Учениците беа доста активни, поставувајќи прашања на кои добиваа одговор од стручно лице, подвлекоа од Црвениот крст во Кавадарци. свд/дма/
Фото : Црвен крст Кавадарци