• четврток, 26 декември 2024

Во Кавадарци обучени лица за да бидат лични асистенти на лица со попреченост

Во Кавадарци обучени лица за да бидат лични асистенти на лица со попреченост

Кавадарци, 29 ноември 2024 (МИА) -  Во Кавадарци беа обучени лица за да бидат лични асистенти на лица со попреченост, информираа вечерва од кавадаречкиот Црвен крст. Асистентите се стекнале со сертификати за да можат да им помагаат на лица со попреченост. 

Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци, за прв пат беа обучени лица, лични асистенти за лица со попреченост кои проследија практична и теоретска настава во времетраење од 200 часа.

Асистентите се стекнаа со сертификат за личен асистент на  лица со попреченост и се стекнаа со компетенции за самостојно помагање на корисниците, помош и поддршка во домот, работното место, образовниот процес и заедницата како и компетенции за самостојно да водат ефикасна комуникација, да даваат психосоцијална поддршка и учествуваат во социјализација и ресоцијализација на корисниците на нивните услуги, појаснија од Црвениот крст. 

Оттаму им честитаа на сите кои се здобиле со сертификат и им посакаа успешна работа во иднина. свд/сст/


Фото : Црвен крст Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан