• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кавадарци литературен перформанс во градска библиотека ,,Феткин" 

Во Кавадарци литературен перформанс во градска библиотека ,,Феткин

Кавадарци, 10 април 2025 (МИА) - Литературен перформанс под наслов „Слушни ја мојата приказна“, ќе се реализира вечерва во градската библиотека ,,Феткин" во Кавадарци. Директорот на библиотеката, Петар Гурев појасни дека настанот го организираат во соработка со гимназијата ,,Добри Даскалов" од овој град. 

- Овој перформанс претставува литературна адаптација на класиците од светот и од Македонија, во насока на споредба на она што не учи литературата од минатото, а го живееме и денес. Оваа наша соработка, овозможи професорката Васка Петкова да адаптира цел перформанс од 7 различни, добро познати дела, да се споредат со денешницата. Со овој перформанс, младите гимназијалци, на мое огромно задоволство, даваат порака до останатите, дека иако живееме опкружени со модерна технологија, книгите ни се учители без кои не можеме. Се надевам дека пораката од овие млади личности ќе стигне до поширокиот аудиториум и ќе направи промена во гледањето на книгите во однос на технологијата, истакна Гурев за МИА.

Доколку поголемиот дел од нас ги имаат сфаќањата на овие млади луѓе, подвлече тој, нашето општество би одело во позитивна насока.

-Во перформансот учествуваат 17 ученици од гимназијата кои во 7 различни чинови, ни ја доловуваат ситуацијата во сегашноста, откри Гурев. свд/дма/


Фото: Фејсбук на библиотека ,,Феткин"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан