• понеделник, 29 јули 2024

Во Кавадарци и денеска аеродезинфекција

Во Кавадарци и денеска аеродезинфекција
Кавадарци, 29 март 2020 (МИА) - Во Кавадарци и денеска ќе има аеродезинфекција како и во изминатите денови. Таа ќе стартува во 16.30 часот, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. -Жителите кои живеат во куќи и станбени згради кои се наоѓаат на самите улици, пожелно е да ги затворат своите прозори и врати. Во акцијата ќе учествуваат пет возила кои ќе вршат аеродезинфекција, соопштуваат од градоначалничкиот кабинет. Освен во градското подрачје, аеродезинфекција во изминативе денови се врши и во околните села.свд/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан