• понеделник, 29 јули 2024

Во Кавадарци доделени благодарници за учесниците во ,,Тиквешки гроздобер“

Во Кавадарци доделени благодарници за учесниците во ,,Тиквешки гроздобер“
Кавадарци, 16 септември 2022 (МИА) - Сите учесници кои беа вклучени во организирање на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2022 денеска добија благодарници. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој денеска им ги додели благодарниците, им се заблагодари оти имале три дена исполнети со културни, забавни и музички содржини.
Тиквешки гроздобер годинава се одржа од 9 до 11 септември, а како што напомена градоначалникот, имало програма за сечиј вкус.
-Манифестацијата немаше да биде можна без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им благодарам. Тука, прво се мисли на сите служби на општината Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, на медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа и секако, најголема благодарност на кавадарчани, кои како и секогаш се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, кои изминатиот викенд го поминаа во Кавадарци, рече градоначалникот Митко Јанчев.свд/бт/

Остани поврзан