Во Кавадарци асфалтирана улицата ,,Црноречка"
- Асфалтирана е улицата ,,Црноречка'' во Кавадарци. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 1.700.000 денари, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Кавадарци, 10 јануари 2024 (МИА) - Асфалтирана е улицата ,,Црноречка'' во Кавадарци. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 1.700.000 денари, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Се работи за површина од 800 квадратни метри, проект од програмата за комунална изградба за 2023 година. Изведувач на работите е фирмата ,,Градба промет", соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму посочија дека по барање на граѓаните од месните заедници на улиците ,,8 Март’’ спој со ,,Страшо Пинџур’’ и согледување на проблемите предизвикани од атмосферските дождови како на главната улица така и на улицата ,,Ило Костов’’, Ј.П. ,,Комуналец" Кавадарци пристапи кон поставување на нова решетка за прифаќање на атмосферките води и нивно насочување во атмосферската канализациона линија, додадоа од градоначалничкиот кабинет. свд/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев