• недела, 24 ноември 2024

Во Италија уапсени 19 лица обвинети за припадност на Ндрангета

Во Италија уапсени 19 лица обвинети за припадност на Ндрангета
Тренто, 15 октомври 2020 (МИА) – Италијанската полиција денеска уапси 19 лица обвинети за припадност на мафијашката криминална организација Ндрангета со седиште во Калабрија, која исто така делува во северниот град Тренто во близина на границата со Австрија. Полицијата соопшти дека операцијата покажала оти Ндрангета, која одамна се проширила од југот на Италија, има корени и во Трент, пренесе АНСА. Операцијата била спроведена заедно со уште една во регионот Калабрија во која бил разбиен водечкиот клан Сераино коска. Ндрангета е најбогатата и најмоќна мафијашка криминална организација. Таа ја надмина сицилијанската Коза Ностра благодарение на контролата врз европската трговија со кокаин. Се проценува дека сите нејзини активности имаат еквивалент на најмалку три проценти од италијанскиот БДП. Според „Проценката на закани за италијански организиран криминал“ од 2013 година на Европол и Гардија Фајнанс, приходот на Ндрангета изнесувал околу 55 милијарди долари во 2008 година. јт/

Остани поврзан